İlayda Çakırtekin
18 Август 2026•Ажурирано: 18 Август 2026
Европската комисија денес го повика Израел да го почитува меѓународното право по изјавите на израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница Итамар Бен-Гвир, кој се залагаше за убивање на десетици Палестинци во Газа секоја вечер, јавува Анадолу.
„ЕУ очекува Израел да ги почитува сите свои обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право“, изјави портпаролката Анита Хипер за време на брифингот на Европската комисија во Брисел.
Таа истакна дека заштитата на цивилите мора да биде обезбедена во секое време.
„Исто така, би сакала да потсетам дека во Советот моментно имаме предлог Бен-Гвир да биде ставен на листата на санкции во рамките на глобалниот режим на санкции за човекови права“, додаде Хипер.
Неодамна Бен-Гвир повика на засилување на воздушните напади врз Појасот Газа и Израел да убива „од 30 до 40“ Палестинци дневно, истовремено повторувајќи ги повиците за преселување Израелци во палестинската енклава на сметка на домицилното население.