Betül Yürük
16 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Најстарата двојка во светот, Џон и Шарлот Хендерсон, која живее во Соединетите Американски Држави (САД), ќе ја прослави 80-годишнината од бракот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според „Вашингтон пост“, 105-годишната Шарлот и 106-годишниот Џон, кои се во брак веќе 80 години, се најдолгата брачна двојка во светот.
Брачниот пар Хендерсон исто така влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар жив брачен пар.
Тие се запознале на Универзитетот во Тексас во 1934 година, а се венчале во 1939 година. Парот на 22 декември ќе ја прослави 80-годишнината од бракот.