Amina Zorniç
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
КАРАЧИ (АА) - Необичен настан го привлече вниманието на локалното население во пакистанскиот град Карачи, кое беше сведок на преместувањето на неколку говеда од покривот на една зграда. Целиот настан беше снимен и фотографиран од страна на новинар на Anadolu Agency (AA).
Поради преголемата густина на населението, сиромаштијата и нелегалната урбанизација, жителите на градот во предградијата се принудени да ја чуваат стоката на покривите од зградите.
Пред празникот Курбан Бајрам, еден земјоделец со кранска дигалка ги преместувал говедата од покривот на земја. Некои од мештаните му помагале, додека пак другите само го набљудувале.