Kerem Kocalar
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ГАЗИАНТЕП (AA) - КЕРЕМ КОЧАЛАР - Сириецот Фарес Јасем, бегалец, кој што се наоѓа во Турција испрати порака на поддршка на цивилите под опсада во Источна Гута и наслика несекојдневен портрет на бебето Карим како симбол на отпорот во тој сириски регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Бебето Карим месец дена по раѓањето во артилериски напад остана без левото око во гранатирањето во кое загина и неговата мајка.
Корисниците на социјалните мрежи, посебно на Твитер, покренаа вчера кампања за завршување на опсадата и постојаните воздужни и артилериски напади кои на цивилите во Источна Гута ги изведуваат силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тоа го прават со испраќање на пораки на поддршка на малиот Карим.
И претходно Јасем црташе графити на страданите сириски деца Ајлан и Умран, а сега тоа го направи, мотивиран и потресен од тешката судбина на двомесечното бебе Карим.
Тој на лицето на Карим нацрта ружа чии лист му го покрива изгубеното лево око, а цветот му ја покрива раната на главата.
„Портретот привлече големо внимание на социјалните мрежи, а слоганот според кој се водев додека го цртав е на лицето на детето да има ружа, а никако рани", рече Јасем.
Истакнувајќи дека целта му била на пошироката јавност да ѝ укаже на проблемот на Карим и другите деца во Источна Гута, Јасем рече дека најголема желба му е Карим да биде евакуиран од опсадата и згрижен во болница.
Јасем со сопругата и двете деца живее во турскиот Газиантеп, а цртањето на графити го гледа како сопствен начин на бегство од тешката ситуација во која се наоѓа неговата татковина.
Околу 400.000 цивили во Источна Гута веќе пет години преживуваат под опсада на силите на режимот на Асад. Регионот го контролираат опозициските сили, а станува збор за една од четирите зони на деескалација за кои во Астана со посредство на Турција, Русија и Иран е договорено примирје.