Besar Ademi
18 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Возило од марката Нисан Џук (Nissan Juke) падна во реката Вардар, поточно, недалеку од камениот мост во центарот на Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за возило за кое сè уште не се знае како паднало во реката.
Спасувачките екипи беа повикани за интервенвија, но беа неуспешни бидејќи протокот на реката го движел автомобилот од местото каде што се наоѓал.
Околу местото на настанот се собраа десетици граѓани. Според очевидците, возилото паднало од мостот Гоце Делчев.