Dildar Baykan
17 Февруари 2019•Ажурирај: 18 Февруари 2019
ЊУЈОРК (АА) – Во „Центар Џевитс“, едно од местата во кои се одржуваат значајни настани во Њујорк, започна Саемот на играчки на кој учествуваат најпознатите компании за производство на играчки во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година, на Саемот кој се организира по 116. пат, своите производи ги презентираат повеќе од 1.000 компании од над 100 земји во светот.

На Саемот, кој фасцинира со својата шареноликост, покрај технолошките производи, на посетителите им беа презентирани и класични играчки.
Саемот во Њујорк ќе биде отворен до 19 февруари.