Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - По 100 години во Африка е снимен редок вид црн леопард, јавува Anadolu Agency (AA).
Ник Пилфолд од Зоолошката градина во Сан Диего и неговата екипа, на почетокот од минатата година во резерват на подрачјето Лаикипија, во Кенија, поставија камери кои снимија црн леопард.
Во Кенија отишле откако добиле информација за појавата на реткиот вид леопард на ова подрачје.
Пилфолд појасни дека во светот постојат 11 отсто леопарди со црно крзно и дека поголемиот дел живеат во југоисточна Азија. Тој изјави дека црните леопарди се ретки во Африка и дека последен пат се забележани во далечната 1909 година во Етиопија.