Meltem Yılmaz
24 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
ТРАБЗОН
На оддалеченост од 9 километри од градот Тонија, во турската област Трабзон, се наоѓа платото Кадиралак на надморска височина од 1.300 метри, кое го привлекува вниманието со своите природни убавини, културната структура и подрачја за прошетка и пикник. Платото Кадиралак секоја година во април е преточено во сината боја на цвеќето „Amsonia orientalis“, познато и како „Rhazya orientalis“ или „сина ѕвезда“. Сината ѕвезда на сите оние кои ќе го посетат платото Кадиралак им презентира уникатна глетка, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај глетката како од разгледница, платото ја отсликува и локалната култура, и ги привлекува посетителите, овозможувајќи им да го минат времето испреплетени со природата.

Платото Кадиралак, чие име често се споменува во последните години, е причина поради која голем број туристи доаѓаат со желба да ги видат ливадите обоени во сино или да ја фотографираат уникатната убавина.
Љубителите на фотосафарито доаѓаат на платото поради неговите убавини и уникатниот пејсаж, обидувајќи се од различни агли да ги фотографираат ливадите со сини ѕвезди од самото утро до залезот на сонцето.
Населението на платото, со цел обезбедување храна на стоката во зимскиот период, го ѓубри земјиштето, создавајќи прекрасна глетка во подрачјето.

- „Платото Кадиралак е првиот избор на љубителите на природата“
Градоначалникот на Општина Тонија, Осман Бешел, за АА изјави дека планината и платото во околината на градот поседуваат значаен потенцијал за туризам.
Градоначалникот истакна дека секоја година Тонија ја посетуваат голем број турски и странски туристи, посочувајќи дека последните години прв избор на љубителите на природата е платото Кадиралак, кое е дел од градот Тонија.
Посочувајќи дека особен интерес за платото Кадиралак постои во месец април, градоначалникот Бешел изјави: „Платото особено ги привлекува љубителите на природата и фотографијата во април кога цвета цвеќето сина ѕвезда. Со доаѓањето на пролетта, прво место за посета на љубителите на природата е платото Кадиралак обоено во сино од цвеќето сина ѕвезда. Нѐ радува нивото на интерес.“