Tuba Şahin,Can Erözden
25 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
САКАРЈА (AA) - Најголемиот турски произведувач на воени возила Отокар го претстави првото турско електрично оклопно возило Акреп II (Шкорпион), јавува Anadolu Agency (AA)
„Акреп II ги прави првите чекори во Турција на полето на електричните, хибридните и автономните воени возила", изјави пред новинарите Сердар Горгуч, генералниот директор на Отокар.
Истакна дека Акреп II ќе биде изложен во Истанбул селдната недела на 14. Меѓународен саем на одбранбената индустрија (IDEF'19).
„Аркреп II поседува мотор способен да ги задоволи барањата на сите воени сили ширум светот", додаде Горгуч.
Нагласи дека се работи за електрично возило кое го красат маневарски способности и ниски акустични и термални карактеристики во однос на традиционалните оклопни возила.