КОЏАЕЛИ (АА) - Метин ГИРГИН
Проф. д-р Џанан Каратај, специјалист за внатрешни болести и кардиологија од Турција, даде неколку совети околу исхраната за време на месецот на постот, Рамазан, кој започнува следната недела.
Проф. Каратај во разговор со новинарот на АА рече дека месецот на постот, Рамазан, е многу важен за здравјето на луѓето, потсетувајќи дека во топлите и долги денови, оние кои постат е потребно да консумираат големи количества вода.
Таа советува дневно да се јадат по два оброка, потсетувајќи на реченицата „два оброка се здравје, третиот оброк е болест“ на Ибн Сина (İbn-i Sina), кој на Западот е познат како Авицена.
Проф. д-р Каратај, велејќи дека пророкот Мухамед користел два оброка дневно и јадел малку, изјави „Тоа [два оброка дневно] значи на организмот да му се даде можност да се одмори извесен период, да се опушти, да се саморегенерира и да доведе до „фабрички нагодувања“. Досега луѓето ги израснаа, постојано велејќи им „Јадете честопати, но јадете малку“. Човечкиот организам е програмиран дневно да консумира два оброка, додека болните, најмногу три оброка. Токму таа можност на исхрана ја пружа месецот на постот, Рамазан.“
Таа, зборувајќи дека за време на постот е потребно да се продолжи со нормалниот тек на животот, го истакна следното „Имам 76 години, јадам два оброка на ден и продолжувам со мојот нормален тек на живот. Извршувам и секаков вид активности. Тоа нема поврзаност со навиките. Доколку се храните здраво, вашето тело и клетки автоматски се регенерираат. Не огладнувате, гладен е вашиот мозок. Гладта потекнува од лебот, шеќерот и засладените пијалаци. Тие многу бргу ќе направат да сте гладни и жедни.“
Подвлекувајќи дека за време на месецот на постот е многу важно да не се остане без вода, и организмот да го храниме со вистински и здрави протеини, проф. Каратај препорача да се стои подалеку од храната полна со „празни“ калории, храната од која бргу огладнуваме и храната која нѐ прави премалени.
- „За месецот на постот е потребно да се подготовиме, пиејќи големи количества течности“
Посочувајќи на значењето на водата, проф. д-р Каратај истакна дека како подготовка пред започнувањето на месецот на постот, потребно е да се пијат големи количества вода, и продолжи со зборовите:
„Потребно е уште од сега да го „наводниме“ нашето тело, т.е. треба да пиеме повеќе вода, бидејќи пред ифтарот (првиот оброк по целодневниот пост) причина за можна главоболка не е нашата глад, туку жедта. Не постои начин со кој организмот со претходен начин на исхрана ќе се подготви за периодот на постот. Ќе се храните здраво. Доколку се храните здраво, вашиот организам нема да има потреба од многу храна. Морате потребите на организмот да ги задоволите со природна храна. Потребите на организмот на секој човек се разликуваат. Храната не треба да биде преработена или храна која е спакувана. Тоа нема да бидат спакувани засладени и газирани пијалаци. Доколку организмот го храните со вистински хранливи материи, телото нема да огладне.“
Во исто време проф. д-р Каратај посочи дека од здравствен аспект, многу е ризично да се пости без да се јаде оброкот на сахур (оброк пред изгревањето на Сонцето) и го даде следниот совет:
„За сахур може да се јаде омлет. Јајцата се многу значајни, но јајцата мора да бидат од село. За подготовката на омлетот користете природен селски путер. Многу е важно, покрај ова јадење да се консумираат маслинки, ротквички и секаков вид зелена салата. Како пијалак можете да консумирате млеко или кафе без шеќер. Доколку сакате, можете да се напиете и ајран. Доколку сте навикнати на појадок, тогаш сахурот организирајте го така. Чорбата е важна, но нема да ве држи сити. Тука најважното нешто е да не се остане без вода. Еден до два дена пред постот, потребно е да почнеме со „наводнување“ на нашето тело.
Сегашните рамазански питарки не се како некогашните, но на мало парче, мачкајќи многу путер можете да ги консумирате. И сирењето е многу важно. Треба да се консумираат полномасно сирење и полномасно кисело млеко. Може да се јаде и една дланка ореви, лешници, ф’стаци.“
- „Постот можете да го прекинете со пача чорба“
Подвлекувајќи дека не смее многу да се јаде за време на ифтарската софра (првиот оброк за време на постот во месецот Рамазан), проф. д-р Каратај изјави:
„Постот можете да го прекинете со пача чорба. Чорба од леќа, чорба тарана или чорба јајла. Се подразбира дека покрај тоа треба да консумирате вода. Доколку се храните здраво, нема да огладните. Кога во организмот ќе внесете количество храна кое не му е потребно на телото, тогаш се јавуват гасови, подуеност или опстипација. И уште нешто. За добра работа на вашите црева, многу е важно за време на ифтарската софра да консумирате маслиново масло и кафе. По чорбата, немојте да јадете извесен период. Подоцна може да се јаде она што е подготвено за таа вечер. Да пиеме многу вода до сахур.“
news_share_descriptionsubscription_contact
