Mehmet Nuri Uçar
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
ГАЗА (AA) - Хани ес-Саир -
Рамазанските давулџии (тапанари) во Појасот Газа и овој рамазан ја продолжуват оваа долга традиција така што со удирање во тапан ги будат верниците на сехур (оброк пред запостување).
Иако пандемијата на коронавирусот не ја одмина ниту Газа, рамазанските тапанари и овој рамазан како и во претходните години ги посетуваат муслиманските куќи со удирање во тапан и со пеење на пригодни песни и илахии ги будат верниците на сехур за да на време го почнат постот.
Абдулхалик Атван и неговиот пријател Мухамед Саат,облечени во традиционална облека со неизоставен фес и елек, секое утро излегуваат на улиците на Рефах и ги будат соседите кои сакаат да постат.
Многумина луѓе откако ги буди звукот на тапани излегуваат на прозорците и ги поздравуват давулџиите.
Атван во разговор за Агенција Анадолија (АА) рече дека е среќен што на овој начин може да даде свој придонес во месецот на рамазан.
„Среќен сум кога гледам дека луѓето станале откако ги слушнале нашите тапани. Мислам дека на луѓето во Газа им се допаѓа ова што го правиме", рече овој Палестинец.
Истакна дека и Газа како и остатокот од светот се погодени со пандемијата на коронавирусот, поради што многумина луѓе не можат да излегуваат од своите домови и да уживат во убавината на месец рамазан.
„Ние сепак, одлучивме на овој начин да ја продолжиме традицијата и колку што можеме да ги направиме луѓето да бидат среќни", додае Атван, напоменувајќи дека оваа работа со пријателот ја прави волонтерски, но неретко луѓето им даваат пригодни подароци и храна како награда за нивниот труд.
Традицијата на рамазанските давулции поттекнува уште од османлискиот период. Во времето на сехур, луѓето се буделе со тапани.
Рамазанските давулџии со удирање во тапан пееле и рамазански пригодни песни и така го буделе народот на сахур. И денес во многу места во Турција оваа традиција живее.