Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmad Wais
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
ИДЛИБ (АА) - ЕШРЕФ МУСА/АХМЕД ВАИС –
Мајката Ум Јусуф од градот Хама, Сирија, која е раселена заедно со нејзините 6 деца поради нападите на режимот на Башар ал Асад и неговиот поддржувач Русија, заработува од правење тули, занает што го научила од сопругот, кој е исчезнат.
Ум Јусуф, поради нападите на режимот на Асад и неговиот поддржувач Русија, кои започнаа минатата година, од областа Кефренбуде во Хама заедно со нејзините деца се засолниле во кампот „Атме“, на сириско-турската гранична линија.
Ум Јусуф, чиј сопруг исчезнал во подрачјето што се наоѓа под режимот пред 4 години, заработува за живот со занаетот за правење тули, што го научила од сопругот.
Таа за Агенција Анадолија раскажа за деновите кога морала да го напушти огништето.
„Времето беше многу топло. Не знаев каде да одам со моите 6 деца. Кога стигнавме до граничната линија, немавме шатори. Се засолнивме во сенката на ѕидот. Немавме место каде да се сместиме. Потоа се сместивме во еден шатор, кој ни ги даде една хумана жена“, раскажа Ум Јусуф.
Истакнувајќи дека заедно со браќата заштедиле пари и купиле машина за производство на тули, таа рече:
„Секој ден се будам со утринскиот езан. Ја клањам утринската молитва и подготвувам појадок за моите деца. Двата возрасни сина ми помагаат во работата. Малите продолжуваат да спијат. Јас започнувам да работам во работилницата, а девните приходи ги делиме со моите браќа.“
Истакнувајќи дека сите имааат почит кон неа, Ум Јусуф рече дека дневната заработка е од 1000 до 1200 сириски лири (околу 0,7 долари) и дека тоа не е доволно за основните животни потреби.
„Децата сакаат да јадат месо секоја недела. Тие сакаат да одат да купуваат во бакалница во сабота“, додаде Ум Јусуф.
Истакна дека областа Кефренбуде, каде што се родила и пораснала, ѝ е значајна, но дека и заработката за живот е многу значајна.
Ум Јусуф изрази надеж дека наскоро ќе се обезбедат услови за враќање во нивните домови.