Esra Kaymak,Kasım İleri
19 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, во петокот објави дека очекува до почетокот на следната година, бројот на затворениците во Гвантанамо да се намали под 100 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Коментарите на Обама дојдоа во текот на неговото последно обраќање во 2015 година, во коешто се осврна и на одредени прашања, како што се сирискиот конфликт, пукањето во Сан Бернардино и борбата против терористичката организација ДАЕШ.
„Ние постојано ќе продолжиме да го намалуваме бројот во Гвантанамо. Таму ќе дојдеме до точка на присуство на нескратлива популација - луѓе кои претставуваат сериозна закана" изјави шефот на американската држава.
Откако дојде на претседателската функција во 2008 година, Обама има обврска затворање на контроверзниот затвор, кој е основан по нападите на 11 септември 2001 година, за притворање на осомничените милитанти на Ал Каеда.
Повикувајќи го Конгресот за соработка со Белата куќа за затворањето на затворот, Обама додаде: „Јас не претпоставувам дека Конгресот ќе каже не ... нема смисла да се трошат 100, 200, 300, 500 милиони или милијарда долари дополнително, за да имаат безбедна средина 50, 60 или 70 луѓе".
Според Пентагон, 107 од 800 затвореници останале во затворот во Гвантанамо, бидејќи САД префрлил десетина од нив во некои земји од Блискиот Исток.
Обама истакна дека Гвантанамо се користи за да се креира „методологија дека Америка е во војна со исламот" и додаде дека неговото затворање е дел од стратегијата на САД против тероризмот, поддржана од страна на армијата, дипломатските тимови и американското разузнавање.
Од друга страна, претседателот на САД, рече дека успехот од успешно преговарање за прекин на огнот и политичката транзиција во Сирија, ќе им овозможи на сите учесници во конфликтот да ги фокусираат своите напори за уништување на ДАЕШ.
Обама повтори уште еднаш дека сирискиот претседател Башар ал-Асад ја изгуби својата легитимност со убивање на својот народ, за пет години.