Ekipa
21 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
ДАКА (АА) - Рибар од Бангладеш вчера фати голема и ретка риба со долги крилја во една од најголемите реки во земјата во подрачјето на Џамуна, во северната област Џамалпур, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Рибата беше тешка 46 килограми со едно големо крило. Никој не знаеше за каков вид станува збор“, јави весникот „Калерканта“.
Рибата се фатила во мрежата на локален рибар кога ловел во реката со својот брод во подрачјето на Шаришабари.
Според весникот, локалните жители ја нарекле „птица риба“ поради долгите крилја, нешто невообичаено за жителите, бидејќи дотогаш не виделе таков вид риба.
Се наведува дека можеби станува збор за редок вид риба од Индискиот Океан, повикувајќи се на локална риболовна компанија.
Рибата е продадена на локалниот пазар за 23.000 бангладешки таки (274 долари), а голем број жители се собраа да ја видат ретката риба.
Луѓето изразија чудење за патувањето на рибата во нормална, несолена вода, заменувајќи го големиот океан за река.
„Можеби рибата стигнала до реката во Бангладеш од океанот со надојдувањето на водата“, посочи рибар.