Beyza Binnur Dönmez
21 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
АНКАРА (АА) - Кубанската агенција за лекови, CECMED, ја овласти употребата на две домашно развиени вакцини против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одобрувањето на Соберана 02 и Соберана Плус е „поткрепено од резултатите добиени во клиничките испитувања спроведени во фазите I, II и III, како и во интервентната студија кај ризичните групи и популации и здравствената интервенција, што обезбеди доволно информации за безбедноста и ефикасноста на овие вакцини, што овозможува нивна масовна употреба во нашата земја и комерцијализација кон други земји“, се вели во соопштението.
Шемата за вакцинација комбинира две дози Соберана 02, по што следува трета доза од Соберана Плус. Вакцините се одобрени за лица постари од 19 години.
Карипскиот остров пред повеќе од еден месец одобри уште една домашно развиена вакцина наречена Абдала.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во Куба досега регистрирани се 564.000 случаи на коронавирусот и речиси 4.400 смртни случаи.