Mustafa Ünal Uysal
24 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
КИГАЛИ (AA) - МУСТАФА УНАЛ УЈСАЛ
Мотоцикл-таксито стана еден од симболите на главниот град на Руанда, Кигали, што нуди брз и евтин превоз во екот на сообраќајниот метеж, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руанда прогласи независност во 1962 година и со главниот град Кигали важи за африканска ѕвезда во развој. Со 1,3 милиони жители, Кигали е најголем град и најдобар пример за разновидноста на културното богатство на Руанда.
Кигали важи за шарен град во кој е присутен голем сообраќаен метеж, што жителите го избегнуваат со користењето евтин и брз такси-превоз што го нудат мотоциклистите.
Возачите мотоциклисти на такси-превозот носат кациги и истакнати броеви на лиценците, а патникот седи зад нив. Цените претежно се по договор и значително се пониски од традиционалните такси-возила.
Поевтината и попрактична такси-услуга од мотоциклистите стана уште попопуларна во екот на пандемијата на Ковид-19 бидејќи луѓето така го избегнуваат метежот во јавниот сообраќај.