Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Војната во Сирија загрози милиони жители на оваа земја, но сигурно дека најголеми трауми од граѓанската војна носат децата. Така со секојдневните стравови во северниот сириски град Алепо се соочува и седмогодишната Бена Ал-Абид, пишува Anadolu Agency (AA).
Бена живее во квартот Тарик Ал-Баб, родена пред почетокот на војната во Сирија, а денес има седум години. Иако многу млада, Бена одлучи преку социјалните мрежи да биде гласот на децата од Алепо и нивната порака да ја пренесе на целиот свет.
„Свету, потребна ни е твојата поддршка”, е само една од пораките на малечката Бена на социјалната мрежа Твитер. Во разговор за АА, таа зборуваше за тоа како е да се биде дете во Алепо, градот кон е под константно бомбардирање.
„Одев во второ одделение. Моето училиште два пати беше мета на бомбардирањето. Моите пријатели се извлекоа под урнатините”, рече Бена и додаде: Ние сме деца, а не терористи. Сакаме да живееме во мир и мирно да спиеме”. Поради бомбардирањето нема училиште, а Бена рече дека и недостасуваат училиштето и пријателите, како и дека се плаши за семејството.
„Се плашам за моите браќа и семејството, бидејќи авионите сакаа да не убијат, рече Бена а на прашањето зошто одлучила да пишува преку социјалните мрежи таа одговори дека на тој начин сака да го пренесе гласот на децата од Алепо на целиот свет.
„Сакам светот да види што се случува тука и како децата умираат. Немаме храна. На бебињата им е потребна храна. Се бомбардираат и болниците, немаме ниту лекови”, истакна седмогодишната Бена и нагласи дека бомбардиеањата мора да престанат бидејќи децата заслужуваат да живеат.
- На Твитер ја следат 79 илјади луѓе
Седмогодишното девојче од Алепо на социјалната мрежа Твитер ја следат 79 илјади лица, а таа на својот профил ги пренесува информациите и белешките од Алепо на англиски јазик. Малечката Бена откри дека во пишувањето на пораките на англиски јазик и помага нејзината мајка, која е професорка по англиски јазик.