Тринаесетвековно маслиново дрво продолжува да дава плод
- Регистрираното маслиново дрво Џуди, кое 1.332 години опстојува на еден рид среде степата, пркосејќи им на вековите, годишно дава просечно 50 килограми маслинки
Rauf Maltaş
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
photo: Rauf Maltaş / AA
ШАНЛИУРФА
Во округот Ејубије во турскиот град Шанлиурфа, 13-вековното маслиново дрво наречено Џуди продолжува да да дава плодови, пишува Анадолу.
Во регионот, кој низ историјата е познат како Плодна полумесечина, историјата на одгледување маслинки датира со векови наназад.
Маслиновото дрво Џуди, кое се наоѓа на еден рид на врвот на степата, во руралната населба Алтинбашак во округот Ејубије, во 2007 година беше прогласено за заштитено природно богатство од Регионалната комисија за заштита на природните богатства на Шанлиурфа.
Историското дрво, кое опстојува низ вековите, привлекува внимание со тоа што годишно дава просечно 50 килограми маслинки.
Фотографија : Rauf Maltaş/AA
Маслиновото дрво, кое е омилено меѓу локалното население, го привлекува вниманието и на посетителите.
- Симбол на плодноста -
Раководителот на Дирекцијата за земјоделство и шумарство на округот Ејубије, Иса Изги, за Анадолу изјави дека низ историјата производството на маслинки било широко распространето во целиот регион.
Изги рече дека маслиновото дрво е старо 1.332 години и додаде:
„Нашето дрво живее на врвот на ридот цели 13 века. Маслиновото дрво Џуди овде е симбол на плодноста. Ова дрво е доказ дека и другите земјоделски производи во нашиот регион се плодни на тој начин. Овде 13 века расте на врвот на ридот без наводнување. И во многу од годините што ни претстојат ќе го гледаме оваа наше маслиново дрво Џуди.“
Изги нагласи дека маслиновите дрвја во регионот се одликуваат со висока продуктивност, додавајќи: „Оваа маслиново дрво Џуди, кое се наоѓа на најдоминантниот рид во регионот, веќе 13 века дава плод. Приносот на маслинките во нашиот регион, во просек, изнесува околу 50 килограми, а ова маслиново дрво дава таков принос веќе 13 века.“
- Привлекува внимание кај жителите -
Жителот Осман Килич рече дека со години се одмораат во сенката на историското дрво.
Килич раскажа дека сите во неговото семејно стебло го виделе историското дрво, додавајќи: „Ние го видовме ова дрво, го виделе и дедовците на нашите дедовци. Ова место е наш симбол и обележје. Се грижиме за него. Со години раѓа маслинки и ги јадеме.“
Суде Нур Ертуга, исто така, рече дека многу им се допаѓа вкусот на вековната маслинка. „Вкусот на овие маслинки е многу поубав во споредба со другите маслинки. Секоја година чекаме да роди оваа маслинка. Наместо да купуваме други маслинки, ги чекаме овие, доаѓаме и ги береме. Дури и кога ќе ни дојде посебен гостин, ги береме овие маслинки, ги ставаме пред него за да го почестиме. Ова дрво е многу важно и за нас“, додаде таа.
Тринаесетвековно маслиново дрво продолжува да дава плод