Dejan Maksimoviç
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ВЕРОНА (АА) - Многу фудбалери се херои за своите навивачи, но напаѓачот на Киево е вистински херој во реалниот живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Рикардо Меџиорини (31) се рабудил ноќта околу 2.30 часот поради врисок на жена на улицата пред неговиот дом во Верона. Погледнал низ прозорецот и видел маж како тепа млада жена на која и е искината облеката.
Меџиорини и рекол на сопругата да повика полиција, а тој се стрчал по скалите на улица. Прво се обидел да ја смири ситуацијата, а кога во тоа не успеал, го соборил момчето на земја и го држел додека не пристигнала полицијата.
Се дознава дека напаѓачот бил поранешно момче на несреќната девојка.