Yunus Kaymaz
01 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
МАДРИД (AA) - Барселона го донесе младиот Бразилец Емерсон Апарецид Јуниор, попознат како Емерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на Барселона соопшти дека 20-годишниот талентиран фудбалер го донеле за 12 милиони евра.
Емерсон со челниците на Барселона договори петгодишна соработка.
За овој фудбалер велат дека подеднакво е добар во одбрана и во напад, а со тоа има и одличен шут и од далеку.
Иако не се споменува тоа во соопштение, шпанските медиуми претходно пишуваа за можноста Бразилецот првата сезона да ја помине на позајмница.
Кариерата ја започна во Понте Прети по што во 2018 година премина во Атлетико Минеиро, за кој одигра 19 натпревари и постигна еден погодок. Во дресот на репрезентацијата на Бразил У20 одигра 8 натпревари.