Ferdi Bayat
10 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
КАИРО (АА)
- Ферди БАЈАТ
Читајќи и проучувајќи го Куранот, Шпанката Летиција Тирадо Мурга решила да премине во исламот, по што се преселила во Египет за да може покомотно и послободно да ја живее својата вера, далеку од растечката исламофобија во Европа, известува Анадолу.
Мурга од 2017 година живее во туристичкото село Тунус, во близина на градот Фајум, а локалното населени и го дале прекарот „Мелек“.

Таа во разговор со новинарот на Анадолу, рече дека го сака сафарито и кампувањето во пустината.
„Од мали нозе ги сакав автомобилите. Сакав да се возам со семејството кога имав 5-6 години. Се пронаоѓам себеси и својата душа во пустината. Среќна сум што патувам со луѓе во пустината и им ги покажувам овие прекрасни места“, рече Мурга.
- Живот меѓу муслиманите
Со преоѓањето во ислам, Мургасе соочила со низа проблеми и притисоци од страна на општеството во Шпанија и токму затоа одлучила да се пресели во Египет.
„Станав муслиманка во Шпанија две години пред да дојдам во Египет. Го избрав исламот пред да дојдам во Египет. Сакам да живеам меѓу муслимани“, рече Мурга.

Наведувајќи дека имала некои сознанија за начинот на живот на муслиманите и арапската култура пред да дојде во Египет, Мурга рече дека е пријатно изненадена од љубезноста и срдечноста на Египјаните.
„Во почетокот не планирав долгорочно да останам тука. Луѓето се многу љубезни кон мене. Тука ја видов убавината и слободата во верата. Среќна сум и сакам да живеам тука“, рече Мурга.
Уште еден сон од своето детство што Мурга го исполнила во Египет е јавањето коњи.
- Куранот како клуч на благосостојба
Како особена љубителка на читањето книги, Мурга рече дека своевремено го читала Куранот и дека тоа оставило силен впечаток на неа.
„Веднаш си реков себе си дека сѐ би било во ред и во благосостојба доколку луѓето би се придржувале до она што пишува во оваа книга. Ми се чинеше логично сѐ што е напишано во Куранот. Подоцна истражував и сфатив дека тоа не го напишале луѓе, туку дека тоа се зборови на Господ. Јас верувам во тоа и живеам според тоа“, рече Мурга.

Покрај проблемите во друштвото со кое се соочила по преминот во ислам во Шпанија, Мурга морала да се одвикне од многу свои навики и практики кои дотогаш ги имала и значително го сменила начинот на својот живот.