Oktaj Omeragikj
13 Декември 2025•Ажурирај: 15 Декември 2025
ЊУЈОРК (АА) - Населбата Дајкер Хајтс во Бруклин повторно се претвори во блескава зимска земја на чудата, откако се врати нејзината позната годишна изложба на празнично осветлување, привлекувајќи големи број локални и меѓународни посетители, известува Анадолу.
Екипата на Анадолу ги сними спектакуларните сцени на Дајкер Хајтс, доловувајќи ги раскошните декорации кои се водечка празнична атракција на Њујорк повеќе од три децении.
Овој светлосен декор ѝ се припишува на жителката Луси Спата, која почнала да го украсува својот дом во 1986 година како почит на љубовта на нејзината покојна мајка кон празничниот декор.
Она што започна како личен акт на почит, прерасна во заедничко движење. Малку по малку, соседите се придружија, а денес епицентарот на светлосно украсените куќи се протега од 11-та до 13-та авенија и од 83-та до 86-та улица, каде што повеќето домови учествуваат во пријателски натпревар на празничен декор.
Во традицијата, популарно позната како „Светлата на Дајкер Хајтс“, жителите се натпреваруваат во создавање раскошно декорирани домови.
По повеќе од 30 години традицијата еволуираше во тренд на Дајкер Хајтс. Вообичаено тивките улици на оваа приградска населба во југоисточен Бруклин сега пречекува илјадници посетители секоја вечер.