Bahattin Gönültaş
25 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
БЕРЛИН - Индексот на доверба на потрошувачите, кој за овој месец во Германија изнесуваше минус 12,7 поени, за месец април е зголемен за 6,5 поени и изнесува минус 6,2 поени како резултат на олеснувањето на воведените ограничувања поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата за истражување на пазарот, ГфК, со седиште во Германија, ги објави резултатите на Индексот на доверба на потрошувачите за следниот месец.
Во соопштението се наведува дека Индексот на доверба на потрошувачите, кој беше ревидиран во февруари и изнесуваше минус 12,7 поени за овој месец, за месец април се зголеми за 6,5 поени и изнесува минус 6,2 поени.
Ролф Буркл, истражувач од ГфК, на оваа тема го кажа следното: „Строгите мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19, сериозно ќе ја погодат довербата на потрошувачите и сегашното подобрување ќе остане како моментална искра. Стабилното закрепнување на довербата на потрошувачите ќе се одвива во подолг временски период. Тоа значи дека им претстојат тешки времиња на трговците на мало и на производителите.“
Досега се регистрирани 2.713.180 случаи на Ковид-19 во Германија, од кои животот го загубија 75.440 заразени.