Kenan Irtak
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш Ерлајнс" (THY) соопшти дека летовите во рамките на Турција ги суспендира до 20 април, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Генералниот директор на „Туркиш Ерлајнс", Билал Екши.
„Во рамки на борбата против епидемијата на коронавирусот и поради 15-дневното суспендирање на излезите и преку воздушен пат од 30 метрополски градови, ограничените летови во рамки на земјата, во 14 метрополски градови ќе бидат суспендирани до 20 април“, напиша Екши.