Riyaz Khaliq
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
АНКАРА
Шефот на службата за здравство на сојузната австралиска држава Викторија, Брет Сутон, соопшти дека вакцината против Ковид-19 би можела да биде достапна во наредните 12 до 18 месеци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Не е веројатно дека вакцината против Ковид-19 би можела да биде достапна во наредните шест месеци“, изјави Сутон пред парламентарниот комитет, јавува дневниот весник „Sydney Morning Herald“.
Тој сепак додаде дека постојат добри шанси вакцината да биде достапна во наредните 12 до 18 месеци.
Денес во Австралија се потврдени 353 нови случаи на заразување, од кои 331 во Викторија, која е најтешко погодената сојузна држава. Во Австралија исто така се пријавени 19 нови смртни случаи.
Во веста се наведува дека бројката на нови случаи на зараза се стабилизира, откако минатиот месец дојде до експанзија, а бројот на заразените е зголемен на 21.750. До сега во Австралија од Ковид-19 починаа вкупно 331 лице.
Во Викторија е прогласена состојба на несреќа, а во Мелбурн е воведно ограничување на движењето. Властите презедоа низа чекори за да им се помогне на економските субјекти на кои не се во можност да работат.
Пандемијата на коронавирус, откако за прв пат се појави во Кина во декември, однесе повеќе од 736.200 животи во 188 земји. Земјите кои се најпогодени од вирусот се САД, Бразил, Индија и Русија.
Потврдени се повеќе од 20 милиони случаи на заразување со Ковид-19 ширум светот, а бројот на оздравени надмина 12,28 милиони, според податоците собрани од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“.