Dilara Hamit
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
ГАЗА
Израел денес одлучи да го затвори граничниот премин Карем Абу Салем, главната трговска рута на Газа, за сите влезови освен за хуманитарна помош и нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската јавна радиодифузна корпорација соопшти дека министерот за правда, Бени Ганц, наредил затворање на преминот поради постојаното пуштање на запаливи балони од страна на Газа.
Палестински официјален претставник кој не сакаше да биде именуван, за АА изјави дека израелските власти спречувале влез на градежни материјали на палестинската страна.
Според израелските медиуми, 12 пожари избувнале вчера како последица на пуштените запаливи балони во пет населени области во близина на израелската граница со Појасот Газа.