Burak Bir
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
МЕЛБУРН (АА) - Австралија денес потврди 41 смртен случај од коронавирусот, Ковид-19, што е најголем број на починати во едно деноноќие од почетокот на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 25.754, додека бројот на починати достигна 652, информираа здравствените власти. Бројот на излекувани изнесува 21.011.
На прес-конференцијата во Мелбурн, премиерот на сојузната австралиска држава Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека во моментот е тешко да се знае дали ограничувањата за вирусот од четвртата фаза ќе бидат ублажени по 13 септември, кога беше планирано тие да завршат.
Нов Зеланд, пак, пријави уште девет нови случаи на вирусот во изминатите 24 часа, со што тој број се зголеми на 1.738, вклучувајќи 22 смртни случаи и 1.585 оздравени.
Во моментов во земјата има 131 активен случај на вирусот, меѓу кои двајца пациенти во тешка состојба.
Пандемијата на коронавирусот во светот досега однесе повеќе од 845.000 животи во 188 земји и региони, откога за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември. САД, Бразил, Индија и Русија во моментов се најтешко погодени земји.
Во светот досега се регистирани над 25,1 милиони случаи на Ковид-19, од кои над 16,5 милиони го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.