Adam Abu-bashal
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 70 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 13.442 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.069.852.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 314 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 49.512.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (20.845), по која следуваат Египет (6.535) и Мароко (5.256).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (765.409), по која следуваат Мароко (320.962) и Египет (112.676).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.743.655 лицa.