Ömer Tuğrul Çam
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
БРИСЕЛ
Откако холандската министерка за одбрана, Анк Бијлевед, на социјалните мрежи сподели податоци за влез на онлајн состанокот на министрите за одбрана на Европската Унија (ЕУ), холандски новинар одлучил да го искористи тоа и да упадне на состанокот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот за областа на технологиите на холандската телевизија „РТЛ њуз“ (RTL Nieuws), Даниел Верлан, ја искористи својата моќ за набљудување и пристапи на онлајн состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, откако министерката за одбрана на Холандија, Бијлевед, по грешка на социјалните мрежи ја објави фотографијата на која можеа да се видат пет од вкупно шест цифри на шифрата за пристап на споменатиот состанок.
Верлан по неколку обиди успеал да го погоди и шестиот број од шифрата и пристапил на состанокот. Телевизијата „РТЛ њуз“ го забележа моментот кога се одржуваше состанокот, по што ги поздрави присутните министри.
Со состанокот претседаваше високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел. Откако го забележа „непоканетиот гостин“, го запраша: „Дали сте свесни дека влеговте на таен состанок.“ Одговорот на Верлан беше: „Да, извинете. Јас сум холандски новинар. Жал ми е што го прекинав вашиот состанок. Го напуштам.“
Во текот на краткиот разговор проследен со насмевка, Борел на новинарот му порача дека итно треба да го напушти состанокот.
„Знаете ли дека ова е кривично дело? Би било добро да го напуштите состанокот пред да дојде полицијата“, порача Борел.
Неименуван европски функционер потврди дека по овој „инцидент“ состанокот е прекинат. Појасни дека станува збор за незаконско пристапување на состанокот и дека надлежните власти се известени.