Ekipa
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Белгиските власти планираат да ангажираат 2.000 лица кои ќе следат со кого дошле во контакт пациентите со Ковид-19, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со тоа се очекува да се помогне на државата во намалувањето на ограничувањата во борбата против Ковид-19.
Според дневниот весник „L’Echo“, министрите за здравство на регионите разговарале за план на „социјално мапирање“ за време на нивниот состанок одржан вчера.
Здравствената заштита воглавно е прашање на одделните региони во Белгија, којашто се состои од региони и покраини.
Регионот Фландрија, со најмногу пријавени случаи, ќе ангажира 1.200 лица, Валонија 600, додека Брисел ќе ангажира 200 иследници.
По завршување на кратка обука „трагачите“ на контакти ќе мапираат со кого се сретнале пациентите и ќе можат да наложуваат 14-дневен карантин.
Федералната Влада предводена од Софи Вилмс се очекува да ја објави својата детална стратегија за ублажување на мерките в петок.
Мерките за изолација се на сила до 3 мај.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Белгија е малку под 6.000, додека дијагностицираните случаи со вирусот надминаа 40.900.