Dmitri Chirciu
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
МОСКВА
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека во Либија повторно започале судирите и порача дека кризата во таа африканска држава не е можно да се реши преку војна, туку дека е нужно постигнување договор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лавров во своето обраќање пред делегатите на Фондацијата за јавна дипломатија „Александар Горчаков“ рече дека имплементацијата на договорот од Берлинската конференција, одржана во јануари, прекинала, и дека во Либија повторно избувнале судири.
„НАТО во 2011 година ја бомбардираше Либија и таа земја потоа е претворена во црна дупка. За тој период се врзуваат и појавите на бранот криумчарење дрога и оружје, и порастот на терористичките активности во Африка“, изјави Лавров.
Шефот на руската дипломатија рече дека земјите од регионот и од Европа се согласни во врска со неопходноста од продолжување на политичкиот процес за решавање на либиската криза.
„Нема воено решение за кризата во Либија. Потребно е да се постигне политичко решение“, заклучи Лавров.