Fuat Kabakcı
15 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
АНКАРА
Во Бразил, во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со Ковид-19 починаа 844 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на интернет-страницата „Globo.com“, Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број на починати се зголемил на 13.944.
Во истиот период е потврдено заразување кај уште 13.944 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 202.918.
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за пандемијата, Бразил по бројот на заразени е шеста најпогодена земја од Ковид-19.