Muhammed Emin Canik
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во Бразил, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 189 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Бразил.
Во соопштението се вели дека со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на 4.205.
Според соопштението, откриени се уште 3.379 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 61.888.
Бразил се наоѓа на врвот на земјите од Латинска Америка кои се најмногу погодени од оваа пандемија.
Првиот случај со Ковид-19, како и првиот смртен случај како последица на овој вирус во регионот, беа регистрирани во Бразил.