?????
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
РЕСИФЕ (АА) - Полицијата вчера во источниот бразилскиот град Ресифе беше во неколкучасовна потера по 40 бегалци кои избегале од затвор низ отвор пробиен од бомба, јавува Anadolu Agency (АА).
Повикувајќи се на локалните извори, Би Би Си јавува дека бразилските безбедносни сили за време на потерата убија двајца, уапсија 37 бегалци, а по уште еден сè уште се трага.
Локалната бразилска телевизија објави аматерски снимки, кој покажуваат како лице остава пакет во близина на надворешниот ѕид од затворот, по што се случила силна експлозија која пробила дупка во ѕидот преку кој затворениците излегоа надвор на улица.
И во средата, од другиот затвор во истиот град избегаа група од 53 затвореници, од кои досега се фатени 13 затвореници.
Унијата на затворските чувари во Бразил со месеци предупредуваат за проблемот на пренатрупаноста на затворите и недоволниот број на чувари. Стандардите бараат според бројот на чувари во однос на бројот на затвореници, да се вработат најмалку 5.000 чувари, а сега работат помалку од 1.500.