Barış Seçkin
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
РИМ
Денес во Италија регистрирани 602 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на починати е зголемен на 21.067 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последните 24 часа кај 675 лица е детектиран Ковид-19, што претставува најмал број на заразени на дневно ниво од 10 март навака.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 162.488.
Бројот на излекувани лица продолжува да се зголемува и досега се излекувани на 37.130, лица, додека има тенденција на намалување на бројот на пациенти на интензивна нега веќе единаесетти ден по ред.
Епицентарот на епидемијата во Италија останува северниот регион Ломбардија, кој денес изнесува 11.142 жртви, што е повеќе од половина од вкупниот број.
Чекајќи го постепено укинување на вонредната состојба во земјата која е на сила до 3 мај, неколку региони денес дозволија повторно отворање на книжарници и продавници канцелариски материјал и облека за бебиња, по декретот на владата издаден минатата недела.
Сепак, секој регион се одлучи да ги имплементира новите правила на различен начин, поради несогласувањата за подготовките на т.н. втора фаза на закрепнување.
Италијанската влада сѐ уште има потешкотии со планот за фазата на закрепнување и заштита на кревкиот економски систем на земјата, соочувајќи се со најлошата рецесија по Втората светска војна.
Меѓународниот монетарен фонд денес предвиде дека глобалната економија ќе се намали за 3 отсто во 2020 година поради глобална пандемија на коронавирус. Италијанската економија се очекува да падне за 9,1 отсто, повеќе од другите земји на еврозоната.