Sinan Doğan
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
МЕКСИКО СИТИ
Во Мексико од Ковид-19 досега починаа 332 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа латиноамериканска земја соопшти дека во последните 24 часа како последица на вирусот починале 36 лица, и дека бројот на починатите е зголемен на 332. Вкупно, 5.144 лица се заразени.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор објави дека вонредната состојба во земјата, заради пандемијата на Ковид-19 е продолжена до 30 април.