Emre Aytekin
06 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Новиот вид коронавирус (Ковид-19) на светско ниво досега е детектиран кај повеќе од 106 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави интернет-страницата „Worldometers“, на светско ниво Ковид-19 е детектиран кај 106.006.733 лица.
Соединетите Американски Држави (САД) со 27.408.865 заразени се земја со најголем број детектирани случаи на Ковид-19 во светот.
Земји во светот во кои бројката на заразени надминува 10 милиони се:
Индија со 10.815.222, Бразил со 9.449.088, Русија со 3.951.233, Велика Британија со 3.911.573, Франција со 3.296.747, Шпанија со 2.971.914, Италија со 2.611.659, Турција со 2.516.889, Германија со 2.276.371, Колумбија 2.142.660, Аргентина со 1.970.009, Мексико со 1.912.871, Полска со 1.545.530, Јужноамериканската Република 1.470.516, Иран со 1.459.370, Украина 1.241.479, Перу со 1.173.045, Индонезија 1.147.010 и Чешка со 1.030.112.
Од последиците предизвикани од Ковид-19, во светот починаа 2.311.078 лица, а оздравеа 77.652.636 заразени. Сѐ уште на лекарски третман се наоѓаат 25.904.667 заразени.