Nuri Aydın,Mehmet Şah Yılmaz
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
ЊУЈОРК
Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во светот надмина 28,3 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на „Worldometer“ покажуваат дека досега од последиците на заразување со Ковид-19 во светот починале 913.931 лице.
Според истиот извор, бројот на заразените во светот достигна 28.329.707, а од болеста се излекуваа 20.345.796 лица. Моментално се активни 7.069.980 случаи на заразување.
Во САД, кои се епицентар на заразувањето во светот, се потврдени 6.588.181 случај на заразување, додека од последиците на вирусот починаа 196.331 лице. САД е земја со најголем број на смртни случаи и број на лица позитивни на коронавирусот во светот.
Земји со повеќе од 250.000 заразени се:
Индија, Бразил, Русија, Перу, Колумбија, Мексико, Јужноафриканска Република, Шпанија, Аргентина, Чиле, Иран, Велика Британија, Франција, Бангладеш, Саудиска Арабија, Пакистан, Турција, Италија, Ирак и Германија.
Земји со повеќе од 10.000 починати се:
Бразил, Индија, Мексико, Велика Британија, Италија, Франција, Перу, Шпанија, Иран, Колумбија, Русија, Јужноафриканска Република, Чиле, Еквадор и Аргентина.