Nuri Aydın
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 6.500.000, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според веб-страницата „Worldometer“, на која се прикажуваат ажурирани податоци за бројот на заразени, починати и оздравени, во светот позитивни на вирусот Ковид-19 се 6.501.249 лица.
Соединетите Американски Држави (САД) сè уште се најтешко погодени од вирусот, со 1.887.872 милиони потврдени случаи.
По САД, најголем број случаи на коронавирусот забележани се во Бразил (558.237), Русија (432.277), Шпанија (287.012), Велика Британија (279.856), Италија (233.836), Индија (214.664) и Германија (184.163).
Во Турција регистрирани се вкупно 165.555 случаи на Ковид-19.
Други земји со над 50.000 потврдени случаи на вирусот Ковид-19 според „Worldometer“ се Перу (174.884), Иран (160.696), Франција (151.352), Чиле (108.686), Мексико (97.326), Канада (92.748), Саудиска Арабија (91.182), Кина (83.021), Пакистан (80.463), Катар (62.160), Белгија (58.685) и Бангладеш (55.140).
Коронавирусот за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а набргу се прошири во речиси сите земји од светот.
Од Ковид-19 досега во светот починаа вкупно 384.096 лица, а се излекуваа вкупно 3.096.117 лица.