Şeyma Uzundere
08 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 135 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 135.112.056 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во САД оздравеа 26.324.757 лица, во Индија 17.930.960, и во Бразил 13.640.478 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 4.662.328 лица.
Во светот 19.238.260 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 157.636.813, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 3.286.497 лица.