Mehmet Tosun
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 48.886, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 42.004 тестирања за Ковид-19, од кои 2.615 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 93 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 4.846 лица.
Во Турција се извршени вкупно 1 милион 33 илјади и 617 тестирања, откриени се вкупно 120.204 случаи, а починаа вкупно 3.174 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.514 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно излекувани се 48.886 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на тестирања надмина 1 милион. Да бидеме упорни во преземањето на мерките“, напиша Коџа.