Sümeyye Dilara Dinçer
20 Февруари 2021•Ажурирај: 21 Февруари 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 86 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 86.012.587 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Од Ковид-19 во САД се опоравија 18.758.775 лица, во Индија 10.675.478, во Бразил 8.995.246, и во Русија 3.679.949 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 2.511.548 лица.
Во светот 22.659.153 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 111.164.178, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 2.460.693 лица.