Büşra Selvi Öğütcen
20 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
АНКАРА
Во американската сојузна држава Алабама се сруши воен авион при обука, при што загинаа двајца пилоти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврдија Воздухопловните сили на оваа земја.
Во соопштението се вели дека воениот авион од типот „T38“ при базата на Воздухопловните сили „Колумбус" во Мисисипи, се сруши во близина на регионалниот аеродром во Монтгомери.
Се истакнува дека како резултат на оваа несреќа животот го загубиле двајца пилоти.
Во соопштението не се откриени имињата на пилотите, а се вели дека е започната истрага во врска со случајот.