Nuri Aydın
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 13 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 заразени се 13.041.698 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со овој вирус досега заразени се 3.413.995 лица.
По САД следуваат Бразил со 1.866.176 откриени случаи, Индија со 879.466 случаи, Русија со 727.162, Перу со 326.326, Чиле со 315.041, Шпанија со 300.988, Мексико со 299.750, Велика Британија со 289.603, Јужноафриканската Република со 276.242, Иран со 257.303, Пакистан со 251.625, Италија со 243.061 и Саудиска Арабија со 232.259 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 212.993 лица.
Земји каде што бројот на откриени случаи со Ковид-19 надмина 70.000 се: Германија (199.950), Бангладеш (183.795), Франција (170.752), Колумбија (150.445), Канада (107.590), Катар (103.598), Аргентина (100.166), Кина (83.602), Египет (82.070), Ирак (77.506), Индонезија (75.699) и Шведска (74.898).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 571.660 лица, а досега излекувани се вкупно 7.588.094 лица.