Nuri Aydın,Nazlı Yüzbaşıoğlu
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 7,2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 7.201.567 лица, додека од вирусот починаа 408.794 лица.
Новиот вид коронавирус, Ковид-19, низ целиот свет го победија 3.538.693 лица.
- Билансот е најголем во САД -
Најмногу случаи на Ковид-19 во светот се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 2.026.597 лица. Како последица на Ковид-19 починаа 113.061 лице.
По САД следуваат Бразил со 710.887 откриени случаи, Русија со 476.658 случаи, Шпанија со 288.797, Велика Британија со 287.399, Индија со 267.046, Италија со 235.278, Перу со 199.696, Германија со 186.233 и Иран со 173.832 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 171.121 лице.
Земји во кои бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се:
Франција (154.188), Чиле (138.846), Мексико (120.102), Пакистан (108.317), Саудиска Арабија (105.283), Канада (96.244), Кина (83.043), Катар (70.158), Бангладеш (68.504), Белгија (59.348) и Јужна Африка (50.879).