Hasan Esen
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ЛОНДОН
Во рамките на борбата против епидемијата на вирусот Ковид-19, пред британскиот парламент беше донесен предлог-закон спроед кој британската влада ќе имаше право да ги кремира лицата кои починати како последица од заразеност со овој вирус, јавува Агенција Анадолија
Овој предлог претрпе одредени измени, така да, во даден случај, власта би имала надлежност да одреди „дали телото ќе биде погребано или кремирано“ доколку „тоа е барање на починатиот“ и „во спротивно, тоа е религиозно верување на починатиот“.
Наз Шах од Лабуристичката партија го изрази своето задоволство од развојот на настаните и прифатените сугестии за законските измени.
Шах преку својот профил на социјалните мрежи објави „Многу ми олесна тоа што Владата имаше слух за сугестиите поврзани со погребните церемонии на Муслиманите и Евреите и ги прифати нашите предлози.“
Советот на муслиманите на В. Британија развојот на настани го протолкува како победа, а воедно им се заблагодари на Шах која проблемот го стави на дневен ред и на Министерот за здравство на В.Британија Мет Хенкук (Matt Hancock) кој ги разгледа и прифати дадените сугестии.
Мари ван дер Зил (Marie van der Zyl), претседателката на Еврејскиот претседавачки одбор го изрази своето задоволство што Владата го разгледала предлогот и прифатила „да се заштитат верските слободи и да се почитуваат последните желби на починатите“.
Со последните смртни случаи предизвикани поради заразеност од вирусот Ковид-19, во В.Британија се забележани нови 54 сличаи, со што во оваа земја досега се забележани вкупно 335 смртни случаи.
Вчера премиерот на В. Британија Б.Џонсон по изјавата дека не треба на улица да се излегува во толпи, соопшти дека доколку предупредувањата не се земат во предвид, тогаш ќе бидат спроведени уште построги мерки.