Mutlu Demirtaştan
23 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Европската фудбалска организација (УЕФА) одложи три големи европски финални натпревари поради пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на кризата поради Ковид-19 во Европа, УЕФА денес официјално донесе одлука да ги откаже натпреварите кои беа закажани за во мај 2020 година: Финалниот натпревар на Лигата на шампиони во женска конкуренција, финалето на Лига Европа и финалето на Лигата на шампиони“, се вели во извештајот на УЕФА.
Наведувајќи дека не е донесена одлука за нови распореди, УЕФА рече дека ново-воспоставената работна група „започнала со испитување на календарот“.
„Соопштенијата ќе бидат дадени навремено“, се вели во извештајот.
Според податоците од универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД, вирусот, кој за прв пат се појави во Вухан, Кина минатиот декември, се прошири во најмалку 168 земји и региони низ светот, додека бројот детектирани случаи на заразени од новиот тип на коронавирусот надминува 360.600, а бројот на починати е над 15.000.