İlyas Tayfun Salcı
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 282 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 36.675, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација на дневна прес-конференција ја потврди Министерот за транспорт на оваа земја, Грант Шапс.
Тој нагласи дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 починале 282 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 36.675
Во последните 24 часа се откриени уште 2.959 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 257.154.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се направени 116.585 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 3.348.507.