İlyas Tayfun Salcı
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 22 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 44.220, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди британското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа починаа уште 22 лица поради овој вирус.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 44.220.
Се истакнува дека се откриени уште 516 случаи со Ковид-19, додека вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата изнесува 285.416.