Hasan Esen
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 44.517, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди британското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 126 лица.
Во последното деноноќие откриени се 630 нови случаи на Ковид-19, додека вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата изнесува 286.979.
Велика Британија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19, а трета во светот, по САД и Бразил.